Нови гласини за „Сексот и градот 3″

Ако во изминатите четири години ви недостасуваа авантурите на Кери Бредшо и нејзините пријателки, ќе ве израдуваме со една пријатна вест.

Имено, на Твитер повторно лизна информација дека можеби Сара Џесика Паркер и Кристин Дејвис замислуваат ново продолжение на „Сексот и градот” на големиот екран.

Веста започна  од размената на неколку таинствени, можеби кажани на шега пораки, помеѓу двете актерки. Кристин и напиша на Сара Џесика едноставно: „Ми недостигаш!”, на што доби одговор: „И ти ми недостасуваш! Ја слушнавте ли веста? “И уште неколку крајно интригантни реплики во ист стил …

Дополнително додаде масло на огнот и актерката Џенифер Хадсон, која игра во првото издание на „Сексот и градот” (2008). Иако не учествува во вториот филм, таа исто така, навести: „Може и да се случи, вие само чекајте!”

Ќе чекаме, се разбира, иако и вториот филм не успеа да не фасцинира особено и му посакавме да земе малку одмор . Веќе поминаа точно 10 години откако култната женска серија не се снима, но тоа е можеби повод за нова средба на големиот екран. Кери секогаш е добредојдена!

А на вас, која од двете кино серии ви се допадна повеќе?

- Реклама -