Во денешното гостување на Дневникот на МТВ, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски истакна дека системот „Безбеден град“ не е замислен за да ги казни граѓаните, туку за да спаси човечки животи. „Во изминатото време имаше многу забелешки, бидејќи во почетниот период не имавме доволно толеранција при опоменувањето на возачите. Сега воведовме нова толеранција, која важи во согласност со актуелната легислатива: до 100 км/ч дозволена е толеранција од 6 км/ч, а над 100 км/ч – 8 км/ч.
Правилникот кој е во надлежност на Министерството за енергетика, во консултација со стручњаци и професори, беше изменет и стапи во сила вчера. За брзини до 50 км/ч останува истото како во минатото: толеранција од 6 км/ч. Ова значи дека ако возите на локација со ограничување од 30 км/ч, камерата нема да ве регистрира ако возите со 36 км/ч, туку од 37 км/ч.
За брзини од 50 до 100 км/ч, согласно новиот правилник, толеранцијата е 9 км/ч. Тоа значи дека ако управувате возило на ограничување од 50 км/ч, со 51 км/ч камерата ќе ве регистрира и ќе ви испрати порака, односно ќе ви наложи казна ако возите со 60 км/ч. Во случај на ограничување од 100 км/ч, ако возите со 101 км/ч, камерата ќе сигнализира со толеранција од 12 км/ч, така што санкции ќе бидат применети ако управувате со 113 км/ч.
Овие толеранции се јасно дефинирани во правилникот под Министерството за енергетика и сметаме дека се разумни, со цел да го активираме системот и да спасиме повеќе човечки животи. Целта не е казнување, туку намалување на повредите, сообраќајните незгоди и загубите на човечки животи“, изјави министерот Тошковски.
Во овој контекст, министерот најави и нов проект кој ќе се имплементира во следните денови со поддршка од Македонски Телеком. „За сите прекршоци кои се случуваат во рамките на дозволената толеранција, на пример, ако е ограничувањето над 30 км/ч од 30-36 км/ч, или од 50-59 км/ч, Министерството за внатрешни работи ќе испрати информативна порака до секој граѓанин што ја пречекорил брзината. Со оваа порака сакаме да му укажеме на граѓанинот дека и покрај тоа што возат во рамките на дозволената толеранција, не значи дека не го надминуваат законски дозволеното ограничување. Доколку, не дај боже, се случи некој граѓанин да предизвика сообраќаен прекршок со 55 км/ч на локација каде што максималната брзина е 50 км/ч, и притоа повреди пешак со тешки телесни повреди, ќе биде подложен на кривична одговорност“, заклучи министерот Тошковски.




