Нови пукања и престрелки, ДПМНЕ ја влошува безбедноста на граѓаните – велат од СДСМ

„Секогаш кога ДПМНЕ е на чело на МВР се влошува безбедносната состојба во Македонија. Вчерашниот обид за убиство на градоначалник, со пукање, во кое се ранети две лица е последниот случај“, обвини денеска Петар Петковски, потпретседател на СДММ (Социјалдемократската младина на Македонија).

„Во само два месеци откако ДПМНЕ и Тошковски го водат МВР, се случи свирепо убиство на младо момче, убиства и пресметки на криминални групи, убиство на доктор, опожарени возила во Прилеп. Нема промени во ДПМНЕ. Како и за време на 11 годишното владеење на ДПМНЕ кога цветаше криминалот и корупцијата, кога имаше секојдневни тепачки во градските автобуси и кога МВР беше МВРО ставено во целосна услуга на Белата палата“, рече Петковски.

Прочитајте и:  Филипче: Избравме луѓе кои имаат нови сили, личен интегритет, многу знаење и искуство

Тој додаде дека оддалечување од европскиот пат ќе значи нова неизвесност и несигурност, а граѓаните, додаде, не сакаат неизвесност и несигурност туку сакаат безбедни улици, сигурност и стабилност.

„Тоа е можно само со СДСМ и со полноправно членство во ЕУ. Затоа, глас за СДСМ и Коалициајата за европска иднина е глас за сигурност, безбедност и стабилност“, заклучи потпретседателот на СДММ.

- Реклама -