Нови цени во градскиот превоз од 1-ви јанури

Според измените и со воведувањето на електронскиот систем во јавниот превоз, ќе се промени и цената на билетите.

jsp

Имено, ако сакате да купите карта од кај возачот истата ќе чини 60 денари, а билетот со електронска картичка во тарифните зони 1 и 2 ќе чини 35 денари. Цените се однесуваат на државните и приватните автобуси.

Со ова се исклучува можноста од 1 ви јануари да се купуваат билети од билетарите на ЈСП.

Цената на ноќните билети останува 40 денари, а со мобилен телефон 50 денари. Билетот за 10 возења со електронска картичка во тарифната зона 1 ќе чини 250 денари, а комбиниран во тарифните зони 1 и 2 ќе биде 300 денари.

Прочитајте и:  ЈО: Дадени се насоки на Управата за финансиска полиција да се испитаат постапките за јавни набавки за горивото за ЈСП

Месечниот билет за студенти и пензионери ќе чини 1.050 денари, како и досега, додека децата без родители или родителска грижа со над 18-годишна возраст заедно со корисниците на правото на социјална помош ќе плаќаат 700 денари за месечен билет.

- Реклама -