Новиот албум на Guns ‘N’ Roses достапен на МySpace

gunsnroses.jpg Конечно обожавателите на Guns ‘N’ Roses, официјално и легално ќе можат да го слушнат нивниот нов албум Chinese Democracy.


gunsnroseschinesedemocracy_2.jpgКонечно обожавателите на Guns ‘N’ Roses, официјално и легално ќе можат да го слушнат нивниот нов албум Chinese Democracy.

Албумот е нивно прво оригинално издание, после Use Your Illusion I и Use your Illusion II ви 1991 година.
Од тогаш па наваму бендот избледе и скоро никогаш не се појави на сцената, а албумите полека беа истиснувани и од топ листите.

Моментално од сите членови кои што беа во првата постава на Guns ‘N’ Roses  останат е само проблематичниот фронтмен Axl Rose.

Останатите членови од првиот состав, Slash, Duff McKagan и Matt Sorum ја формираа исто така успешната група Velvet Revolver со која во 2005 година добија и Grammy за најдобра хард рок изведба. Но и поркај нивната успешност, сепак овој месец тие беа отпуштени од нивната издавачка куќа Sony BMG/RCA Records.

Сепак, она што е најважно во моментот е нивниот албум кој што во продажба излегува на 23 Ноември, а што е уште поважно за нас, е дека веќе е достапен на нивната официјална MySpace страна.

- Реклама -