Новиот документарец на ИРЛ отстранет од уште една платформа поради нарушување на авторските права.

Уште еден документарец отстранет поради повреда на авторски права

Уште една видео платформа ја отстрани најновата продукција на Истражувачката Репортерска Лабораторија (ИРЛ) и Сашка Цветковска бидејќи е идентификувана повреда на авторските права.

Од вчера, документарецот насловен „Цената на правдата“ не е достапен на YouTube. Откако беше отстранет од таму, редакцијата го објави на Vimeo, но од утрово и таму не е достапен.

Познавачите на правото истакнуваат дека редистрибуцијата на материјали без авторски права може да се квалификува како кривично дело. Марјан Стаменковски од контроверзниот портал Доказ веќе беше осуден за таков прекршај. Според многумина, споделувањето на содржини за кои некој друг поседува авторски права може да резултира со кривичен прогон.

Во одбраниот документарец, ИРЛ изложуваше шокантни обвинувања против обвинителите Хајрулахи и Цветановски, кои станаа познати по нивните обиди да го гонат поранешното раководство на СЈО: Катица Јанева, Фатиме Фетаи, Ленче Ристовска, Лиле Стефановска.

Случајот се однесува на незаконско делење на бонуси од неколку милиони евра од буџетот на СЈО.