Новиот огромен американски пакет воена помош за Украина вклучува и „лизгачки“ бомби

„Речиси три години, САД ги собираат сојузниците во поддршка на украинскиот народ додека ја брани својата слобода од руската агресија. Главен приоритет на мојата администрација е да ѝ се обезбеди на Украина потребната поддршка за да победи во оваа борба,“ изјави денеска американскиот претседател Џо Бајден.

Тој го потврди „наглиот раст“ на воената помош за Украина, откривајќи детали од новиот пакет:

2,4 милијарди долари финансирање за Украина преку Иницијативата за безбедносна помош во Украина. На Украина ќе и обезбеди дополнителна противвоздушна одбрана и муниција воздух-земја.

– САД ќе ѝ дадат на Украина оружје со долг дострел (Joint Standoff Weapon  – JSOW), таканаречени лизгачки бомби.

– Украина ќе добие и „стотици дополнителни ракети Patriot и AMRAAM“ следната година.

– Повеќе ракети за повеќецевни фрлачи од типот ХИМАРС, кои Украинците ги користат исклучително ефикасно против руските сили.

– Се проширува обуката за украинските пилоти на авиони Ф-16. Тоа значи обука за дополнителни 18 пилоти следната година.

– САД ќе продолжат да ги зголемуваат трошоците за Русија за нејзината војна во Украина и да ја лишуваат руската одбранбена индустриска база од ресурси.

Бајден вети и дека ќе свика нов состанок на Контакт групата за одбрана на Украина во Германија со цел да се координираат напорите на 50-те земји кои ја поддржуваат Украина.

Прочитајте и:  Дефектни гранатите за минофрлачи произведени во Украина, украинското МО ги истражува причините

Веројатно најзначајниот дел од новиот пакет помош од САД, најавен денеска за Украина, се т.н. лизгачки бомби. Тоа е оружје кое Русија го користи веќе извесно време во војната, а Киев го посакува долго време.

Американските воздушни сили ги опишуваат лизгачките бомби како „оружје без мотор, дизајнирано да уништува цели од висока вредност.“ Тие се долги 3,65 метри, со тежина од 1.133 килограми, и со цена од 245.000 долари по бомба се значително поевтини од балистичките проектили.

Овие бомби можат да бидат лансирани од украинските борбени авиони Ф-16, а имаат можности за сателитско наведување и прецизно насочување кон метите.

Овие бомби се опремени со можности за сателитско наведување кои им помагаат да се движат во сите услови, дење и ноќе, но и за време на лоши временски услови.

Операторот може да ги води со далечински управувач по лансирањето од авион, но може и претходно да се „фиксираат“ на цели, кон кои потоа автоматски ќе се водат. Нивните крила се обликувани како буквата X, што им помага да се лизгаат низ воздухот и прецизно да ја следат патеката до нивната цел.

Нивниот распон на крила е околу метар и половина.

- Реклама -