Поддршката и охрабрувањето на младите за здрав и активен живот секогаш се во наш фокус. Затоа, посветуваме значителен дел од нашите ресурси во спортската инфраструктура, инвестирајќи во нови и реконструирани терени и игралишта, што е потврда за нашата посветеност на здравите генерации, изјави градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.
Реконструираното игралиште е лоцирано во населбата 11 Октомври-Згради, близу до трим патеката, и доби нов полипропиленски под, официјално користен на летните Олимписки игри.
„Поставивме трибина, нови кошеви и голови за фудбал—се работи за модерен спортски комплекс кој поттикнува здраво живеење. Создавме и ново детско катче во непосредна близина на игралиштето. Ова е уште еден спортско-рекреативен простор за младите од овој дел на Кисела Вода, каде што можат да се дружат, рекреираат, спортуваат и да стекнуваат важни вештини преку игра. Ова е само еден од многуте проекти насочени кон нашите најмлади“, додаде Ѓорѓиевски.




