Новиот предводник на Jeep ќе биде со мотор од Ferrari

Новиот луксузен теренец на Jeep ќе го добие името Grand Wagoneer и ќе се појави на пазарот во 2018 година. Во развојот на идниот предводник на брендот активно учествуваат професионалци од компаниите Maserati и Ferrari, како дел од во Алијансата Fiat-Chrysler.

Теренецот треба да биде новиот конкурент на европскиот Range Rover, а ќе дели платформа со се уште не лансираниот модел на кросоверот на Maserati, познат во моментов како Levante. Моторите и за двете возила ќе бидат создадени целосно под контрола на инженерите од Ferrari. Се очекува моделите да добијат 3,0-литарски дизел V6 и V8 бензински со компресор, кој во зависност од нивото може да развие до 560 КЅ.

Според шефот на Jeep, Мајкл Менло, двата мотори ќе се нудат и за уште еден модел на Jeep, Grand Cherokee, кој ќе добие и верзија SRT. Досега моделот се потпираше на агрегатите HEMI, но во компанијата веќе се подготвуваат да преминат на турбомотор. Новините ќе бидат достапен по дотерување на моделот во 2017 година.

Не само двата агрегати на идните Grand Wagoneer и Levante ќе бидат исти, туку и речиси сите други главни компоненти. Идејата е јасна – намалување на трошоците.

- Реклама -