Новиот Suv на Bently ќе се нарекува Bentayga

Bentley го регистрира името Bentayga за својот прв сериски теренец. Тоа не е никаква кованица, туку карпеста формација на еден од Канарските Острови.
Веќе нема дилеми, по оние многу конроверзности врзани за ова остварување, убаво е, грдо е…модел достоен за марката, или не… (?) Bentley потврди дека неговиот прв теренец ќе пристигне во 2016 година. Во октомври еден тестен прототип беше забележан на Нордшлајф, па веќе почнаа да се плетат приказни за тоа каков ќе биде неговиот изглед, претпоставките за пакетот опрема, агрегатската гама…

Она што е едно сигурно е дека моделот ќе користи платформата на Q7, а според првичните податоци во палетата на новиот модел ќе влезе 8-цилиндерски бензински мотор со битурбо W12 агрегат. Од 2017 година Bentayga ќе се нуди со хибриден систем, комбинирајки 6,75 литарскиот битурбо V8 со електромотори.

- Реклама -