Новиот Вембли стадион – плагијат?

wembleyКоја и да е контроверзноста околу неговата цена и одложувањата, повеќето критичари гледаат на Вембли стадионот како уникатно архитектонско достигнување. Но, планови стари 60 години од познат бразилски архитект покажуваат неверојатни сличности помеѓу двата архитекти.


wembleyes1202_228x280Која и да е контроверзноста околу неговата цена и одложувањата, повеќето критичари гледаат на Вембли стадионот како уникатно архитектонско достигнување. Но, планови стари 60 години од познат бразилски архитект покажуваат неверојатни сличности помеѓу двата архитекти.

Oscar Niemeyer скицирал дизајн за националниот стадион, кој како Вембли имал голем лак со метални кабли под него кои ја олеснувале поддршката на покривот. Меѓутоа стадионот планиран за Рио де Жанеиро никогаш не бил изграден.

Плановите на Нимејер од 1941 година беа откриени во книга за архитектот, које е сеуште жив (99 години) и работи.

Книгата го цитира бразилскиот автор: „Комплексот требаше да биде изграден на земја каде има постоечки згради и поврзување на главните патишта и железницата“.

Сер Норман, интервјуиран од BBC својата градба ја појасни како „дело изнудено близу железничка станица, дело кое дава уникатна и посебна слика за Вембли“.

Неименуван архитект кој ги откри плановите вели: „Сличноста е неверојатна. За обичното око стадионот од скиците на Нијемер, кои се прилично детални личи на новиот Вембли“, додека Нимејер изразил тврдење дека се работи за обична коинциденција.

„Не ме засегаат сличностите. Му посакувам успех со проектот“ – вели 99-годишниот бразилец.

- Реклама -