Ново интерактивно решение: масичка за кафе со екран на допир

Од создавањето на персоналниот компјутер па наваму,  човештвото со нетрпение очекува технологијата да навлезе подлабоко во домашниот начин на живот.

Дефинитивно технологијата и мебелот уживаат значителен развој во последниве децении. Нов доказ за тоа е нивното комбинирање. Од Mozayo ја понудија на пазарот оваа неверојатна маса со екран чувствителен на допир, кој ќе ја трансформира за неколку секунди дневната соба во канцеларија.

2(72)

Со уште една позитивна придобивка – масата дава повеќе комфор и полесен пристап. Истата лесно се сели, а екранот ја претвора за неколку секунди дневната соба во современа канцеларија.

Системот работи со Windows 8 Pro, со тоа што можете да инсталирате било какви апликации.

3(72)

Најевтиниот модел чини речиси 7 000 долари.

4(984)

 

Еве ги и нејзините карактеристики:

Компјутер

Premium Dell Commercial Grade System

• Процесор: Intel® 3rd Gen i5 Quad Core™ 3740 Processor (3.2GHz, 6M)

• Меморија: 6GB DDR3 (1600MHz)

• Хард диск:500GB (6.0Gb/s, 16MB DataBurst Cache™)

• Графичка карта: Integrated Video, Intel® HD Graphics

• 8X Slimline DVD-ROM

 Екран

Екранот е 32 “LCD со резолуција 1366 × 768. Без разлика дали гледате слики, текстуални документи или пак видео, квалитетот на сликата е висок.

- Реклама -