Сите сакаат огномет. Ама ова видео ќе ве потсети дека огнометот може да биде опасен, и тоа опасен до размери што никогаш не сте ги предвиделе.
Како што и ние многу пати сме го правеле тоа, едно семејство го проследи новогодишниот огномет на балконот, уживајќи во дочекот на 2015-тата во Парана, Бразил. Но тогаш… Колку само нешта треба да се поклопат за ова да се случи…
Мајката, нејзините две деца (5 и 12 години) и дедото го преживејаа инцидентот, но завршија со тешки изгореници и се сместени во болница.