Сигурно вечерва очекувате дека вашата сакана личност ќе ве израдува со некој совршен подарок. Порталот handbag.com направи истражување за значењето на некои од популарните подароци и која е скриената порака во нив.
Сигурно вечерва очекувате дека вашата сакана личност ќе ве израдува со некој совршен подарок. Порталот handbag.com направи истражување за значењето на некои од популарните подароци и која е скриената порака во нив.
Папучи
Бегајте додека можете! Ве гледа како нежна и грижлива личност и тоа е тип на маж на кого му треба замена за мајка му, а во тоа и ќе се претворите ако не внимавате. Ако навистина го сакате, зачинете го вашиот љубовен живот со некоја провокативна и секси облека и приредете му секс кој ќе го запамти.
Куќен апарат
Објаснете му дека апаратите не се подароци за вас туку за куќата или почекајте, па за роденден купете му паравосмукалка и надевајте се дека ќе ја сфати пораката.
Книга, CD…
Ова е добар знак! Ако од него го добиете најновиот албум од вашата омилена група или книга која веќе долго сте ја посакувале завиткана во убава хартија и со панделка значи дека е внимателен и дека знае што сакате, ви обрнува внимание и ужива да го поминува времето со вас.
Автомобил
Тоа значи дека е мафијаш или татин син, или дека нешто не е во ред. Ваквите подароци често укажуваат на тоа дека сака да ве има под контрола и да ве поседува.
Накит
Знаеме дека сакате накит, но ако со прстенот не доаѓа и свршувачка, тоа значи дека сака да сте покрај него, но без бракот на листата на желби. Ако подарокот се обетки или некое друго парче накит – тоа е веќе подобро, освен ако не е нешто прескапо бидејќи тоа значи дека има пари, но не и фантазија.
Долна облека
Ако под елката ве дочека долна облека која ви се допаѓа тоа е одлично. Ако е некое чудо од секс шоп тоа значи дека се чувствува исфрустрирано и дека му е потребен подобар секс.
Парфем
Парфемот упатува на поврзаност и интимност помеѓу вас двајцата. Ако ви купи парфем кој не ви познат, а кој ви се допаѓа – држете се до тој човек. Ако промаши, тогаш ништо од поврзаноста.
Патување
Фактот дека сака со вас да помине неколку дена е добар знак кој зборува за неговите чувства и тоа покажува дека го цени времето кое го поминувате заедно.
Чевли
Мажот кој ќе ви подари дизајнерски тренди чевли во вистинската големина или има фетиш за чевли, или е геј или е вистински маж кој сте го нашле по некое чудо. Врската меѓу жените и чевлите е света и секој маж кој тоа ќе го сфати е оној кој треба да го задржите.