Новородено бебе спасено од одводен канал во Јужна Африка, спасувачите поздравени со овации (ВИДЕО)

Новородено бебе било спасено од одводен систем во јужноафриканскиот град Дурбан, пренесува BBC.

Службите за итна помош биле известени од случаен минувач кој го слушнал плачењето на бебето.

За да стигнат до бебето, спасувачите копале цели три часа околу делот од одводот каде што било заглавено. Мисијата, за среќа, била успешна, При извлекувањето спасувачите биле поздравени со овации и аплауз.

На новороденото девојче веднаш му била укажана медицинска помош на лице место, а потоа со хеликоптер било пренесено во болница. Поминало само (со оглед на пострашната варијанта) со блага хипотермија и неколку помали посекотини и модринки.

Полицијата трага по родителите и истражува како бебето завршило во одводот.

- Реклама -