Шестата генерација на Camaro ќе дебитира на 16 мај на специјален настан во Детроит. За да ја зголеми тензијата, Chevrolet ни дава информации во дози „на лажичка“.
Засега знаеме дека новата генерација ќе биде за 28% поцврста и за околу 90 килограми полесна, а верзијата SS ќе има 6,2-литарски LT1 V8 мотор на General Motors. Chevy откри и дека супер моделот ќе располага со селектор Drive Mode, кој како и погоре споменатиот агрегат е позајмен од Corvette. Тој ги регулира реакциите на гаста, управувачот и контрола на стабилноста.
Режимите на управување ќе се за снег и мраз, спортски, и нормалeн Tour, а SS моделите ќе имаат и можност за тркачки вредности. Предвидени се и два издувни системи, од кои едниот е со електронска контрола на вентилите и со уникатен звук. Во другиот случај системот ја придушава бучавата до одреден степен.
Од Chevrolet потврдија дека купувачите на SS за прв пат ќе се радуваат на магнетна контрола на потпирањето, неодамна достапен за ексклузивните модели како ZL1.