Во американскиот представнички дом, се одбил предлогот за да се забрани собирањето на телефонски податоци и телефонски повици од страна на Националната Безбедностна Агенција (NSA). Гласањето поминало со 217 гласови ПРОТИВ и 205 гласови ЗА.
Директорот на NSA, генералот Кит Алегзандер, одржал разговори позади затворени врати, со сите претставници од двете партии кои биле против предлогот.
Програмот “Призма” на NSA овозможува да собира податоци од глобалните корисници на интернетот, преку своите 9 големи американски провајдери. Деталите за програмата на NSA за шпионирање и пратење на податоци, ја објави бившиот службеник на NSA, Едвард Сноуден.
[youtube]http://youtu.be/tU-M6RSC6B8[/youtube]
Доколку беше изгласан овој предлог, ќе ги блокираше сите финансии на NSA за финансирање на шпиунските програми, но до тоа не дојде.
Предлогот бил даден од републиканскиот претставник од Мичиген, Џастин Амаш. Тој при своето излагање, ги предупредил сите неистомисленици дека низ историјата се користела иста тактика за оправдување на своите права, а тоа е стравот и теророт!