Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека Обединетите Арапски Емирати можат да бидат една од потенцијалните локации за неговата најавена средба со американскиот претседател Доналд Трамп, но дека конечната одлука сè уште не е донесена.
Тој нагласи дека двете страни покажуваат интерес за организирање на самитот помеѓу Русија и Соединетите Американски Држави, додавајќи дека Русија има многу пријатели кои се спремни да помогнат во организирањето на состанокот со Трамп.
Путин посочи дека е отворен за средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски, изразувајќи надеж дека таква средба е во можност да се оствари, но истакна дека е потребно да се создадат соодветни услови за тоа.
„Веќе многу пати кажав дека немам ништо против, но за да се оствари таквиот состанок, неопходно е да се исполнат одредени услови. За жал, до сега сме далеку од реализација на тие услови“, додаде Путин.




