Барак Обама стана првиот американски претседател што официјално ги поддржа истополовите бракови, во интервју за ABC. Овој потег на Обама доаѓа во исто време со изгласувањето на Aмандманот 1 во Северна Каролина.
Бракот помеѓу лица од ист пол никогаш не бил дозволен во сојузната држава Северна Каролина. Но, тие сепак имаа своевиден референдум со кој изгласаа експлицитна забрана на овој вид заедница помеѓу возрасни луѓе, вклучително и граѓанските заедници и домашните партнерства, оневозможувајќи им какви било права на луѓето со хомосексуална ориентација.
{youtube}E0usiWHp_PI{/youtube}
Оваа сојузна држава, последен пат го променила својот устав, во однос на бракот како институција, во 1875 година, кога донеле забрана за бракови помеѓу лица од различна раса. Тој амандман бил на важност сè до 1971 година.
Откако претстедателот го начна ова горливо прашања во „земјата на слободните“, претстојните избори ќе послужат како своевиден национален референдум по прашањето дали Америка ќе влезе во 21. век или пак ќе остане заглавена во Средниот век.