Во пресрет на овогодинешното издание на „Струшките вечери на поезијата“, кои ќе се одржат од 22 до 26 август, објавени се плакатот и промотивното видео.
Постерот и промотивното видео го илустрираат мотото на овогодинешното издание на „Струшките вечери на поезијата“: ДОПИР НА УБАВИНАТА.
,,Со ова мото сакаме да го истакнеме специфичниот аспект на поезијата и поетскиот јазик што овозможува контакт помеѓу човекот и повисоките сфери на Убавината отелотворени во поезијата. Во исто време, сакаме да оддадеме почит на иновативноста на системот за пишување Брајово писмо. Од нејзината кодификација пред 200 години, тактилниот и релјефниот карактер на Брајовото писмо им овозможи на слепите лица да влезат во светот на книгите и пишувањето и на тој начин да ја почувствуваат убавината на поезијата”, велат организаторите.
Графичкиот дизајн на плакатот е дело на Енкел Дика, познатиот графичар и дизајнер од Струга, додека видео продукцијата ја направи студиото ЗООТРОП. Музиката е фрагмент од „Консиерто де Аранжуез“