Годинешното 19 то издание на меѓународниот филмски фестивал „АстерФест“ ќе се одржи од 1 до 5 ти август во Струмица. Фестивалот што постои од 2005 година е посветен на професионалната култура на краток и документарен филм и ја истакнуваат нејзината афирмација, популаризација и валоризација кај публиката. АстерФест е филмски фестивал кој се фокусира на белетристика, документарни и фиктивни кратки дела на филмски автори кои доаѓаат или живеат во евроатлантскиот регион и другите светски меридијани.
Програмат на фестивалот е во категориите: AsterShorts, Merry-Diones и Tributes.
Во натпреварувачката селекција ќе можат да се погледнат следните филмови
АСТРАН | ASTRAN
Марго Оклер, Аксел Боден, Науел Бенсадок, Антоан Азар, Сара Хеки, Ланселот Маестрини, Нилс Митреси, Иван Олиел, Валеријан Пјере | Margot Auclair, Axel Baudin, Nawel Bensadok, Antoine Hazard, Sarah Hecky, Lancelot Maestrini, Nils Mitrecey, Ivan Oliel, Valérian Pierret
Суштествата кои му се закануваат на нашиот свет со векови сега се под строг надзор, заробени од моќна магија. Астран, водач на советот, е пратен да го истражи опасниот примерок кој замолкнал.
ГИ ЗНАЕШ ПРАВИЛАТА | YOU KNOW THE RULES
🎬Овен Тут | Owen Tooth
Единствената надеж на Керол е некако да избега од вознемирувачкото мачење на Деби. Деби ѝ кажува на Керол за ужасните работи што ќе ѝ ги направи, додека Керол седи смрзната од ужас. Но ние сфаќаме дека тоа не е ситуацијата за која мислевме дека е…
ГИЛГАМЕШ | GILGAMESH
🎬Шаќир Весели | Shaqir Veseli
Сè беше набљудувано од Богот на овој свет, кој немаше човек што не го знаеше, и неговото знаење и тоа што направил, … заповедите беа издлабени на камени плочи, на камените плочи ги издлаби сите негови страдања.
ГЛУВЧЕВАТА КУЌИЧКА | MOUSE HOUSE
🎬Тимон Ледер | Timon Leder
Ненаситен глушец самиот ќе се заглави во пита кашкавал, додека неговиот прегладнет пријател надвор беспомошно мора да се справи со гладната мачка.
ГНЕЗДО | NEST
🎬Настимир Цачев | Nastimir Tzatchev
Оваа е приказна-метафора за животот на еден полжав чијшто сон е да полета. Иако нашите соништа и желби секогаш не се остваруваат, нив можеме да ги видиме во генерациите кои доаѓаат после нас.
ЗА ЖИВЕЕЊЕТО | ABOUT LIVING
🎬Сезер Салихи | Sezer Salihi
Животот е краток: „Времето брзо проаѓа“. Тоа е неизбежната вистина. Најдоброто што можеме да го направиме е да живееме додека можеме. Но барем имаме шанса да кажеме дека живееме сега, во овој сончев летен четврток, првите денови од август. Мора да тагувате за ова токму сега, треба да ја почувствувате оваа тага сега, затоа што светот мора да се сака толку многу ако сакате да кажете „Јас живеев“.
ИЗБАВЕНИ ОД ЗЛОТВОРОТ | OUT OF THE HANDS OF THE WICKED
🎬Лук Сарџент и Бенџамин Хекман | Luke Sargent & Benjamin Hackman
По мачното патување дома од пеколот, стариот Тато се фали за својата победа над злото, и како успеал да го заклучи злото во неговото срце. Сега, наспроти протестите од неговото семејство, Тато мора да се врати од каде што дошол за да ги спаси од злотворот своите сакани.
ЛУДИ И СВЕСНИ | INSANE AND AWARE
🎬Мануела Златкова | Manuela Zlatkova
Пациент кој е сместен во психијатриска болница подолг временски период оди на конечна евалуација кај психијатар. На тоа му претходат голем број евалуации во кои пациентот веќе не знае што е вистина, а што лага. И покрај успешната евалуација, не е извесно кога и дали пациентот ќе ја напушти болницата.
ЉУБОВНИ МАКИ | LOVESICK
🎬Александер Саул | Alexander Saul
Во психијатриското одделение, на последниот ден од годината, Елиас се фаќа себеси како се трка со времето. Прогонуван од халуцинации и поттикнат од емоции, тој треба да ѝ ја искаже својата љубов на неговата медицинска сестра пред времето да истече.
МАЛИОТ ТАЛКАЧ | LITTLE WANDERER
🎬Каролина Томкова | Karolína Tomková
Филмската композиција и претставувањето на испреплетените сегашни и минати настани, кои се случуваат во главата на главникот лик, се изненадувачки…
МИГОВИ | MOMENTS
🎬Катја Фридрих | Katja Friedrich
Овој краток филм е направен со користење на гратажна техника. Анимиран е сликичка по сликичка. Една личност ја набљудува околината и се губи во тие опсервации.
НАВЈА | NAVYA
🎬Ана Шиленкова | Anna Shilenkova
Девојката се буди на празен брег, на границата на живиот свет и Долназемја. Таа сака да ја преплива реката за да се врати кај нејзиното семејство. Но патот е препречен од хтонската Змија.
ОП, РИБА | OH FISH
🎬Вибин Виџајан | Vibin Vijayan
Еден убав ден тројца другари одлучуваат да одат на риболов. Еден од нив ќе ја донесе својата мачка со него. Дали ќе уловат некоја риба?
ПЕСОК | SAND
🎬Розе Торн и Матео Коста | Rose Thorne & Matteo Costa
На стара напуштена плажа претворена во ѓубриште, едно младо момче се обидува да изгради совршен замок од песок, но најразлични сили во неговата околина продолжуваат да го попречуваат секој негов обид.
ПОЛЖАВСКА ПРИКАЗНА | TALE OF SNALE
🎬Ели Воткинс – Хелен Грифитс | Ellie Watkins & Helen Griffiths
Полжавот, осамениот голич, налетува на изгубена бубамара додека се движи низ шумата со цвекло. Бубамарата Ајви сѐ уште не научила да лета и се губи во неможноста да го најде својот пат до дома. Полжавот неволно се согласува да ѝ помогне на Ајви да се врати дома…
ПОЧЕСТ | TRIBUTE
🎬Мат Цискас | Mat Ciscas
Во свет во кој луѓето биле принудени да живеат под земјата, еден човек се издигнува на површината да ги принесе своите последни драгоцености како посвета на некои чудни колонисти.
ПРОШЕТКА | THE WALK
🎬Елеонора Венинова | Eleonora Veninova
Младата Деница оди на прошетка со својот Соговорник, на која разговараат за тоа што се случило со нејзината баба која од неодамна престанала да ја посетува.
СЛАМЕНИЦА КОН ИДНИНАТА | THATCH TO THE FUTURE
🎬Николас Нојхолд | Nicolas Neuhold
Кога учесниците на климатската конференција во 2033 година не можат да се согласат за ништо, главниот преговарач ГЕРТА (не Грета!) избувнува и сугерира „Единственото нешто за што би можеле да се согласите е да се вратите назад во времето и луѓето потоа да го решат проблемот.“ Саркастичниот испад е прифатен како прекрасна идеја, но Герта ќе открие дека тие, всушност, имаат временска машина.
СОЛЕНИ ЖИВОТИ | SALTY LIVES
🎬Рустам Мелиев | Rustam Meliev
Снимени жени од различни возрасти во традиционална каракалпачка носија на живописната солена површина на Барсакелмес. Целта на овој филм е да го привлече светското внимание кон тема која порано не била истакната во медиумите и масовната култура: да се раскаже приказна за тоа како климатските промени влијаат врз жените од регионот на Аралското Море.
СПОМЕНИК | MONUMENT
🎬Сиџјиа Џенг – Џјашји Ву | SiJia Zheng & Jiaxi Wu
Една мајка ги користи дрвјата како своевидни споменици за загубените за време на војната. Како што поминува времето, нејзиното дете ја следи во нејзините постапки.
СРЖТА | THE CORE
🎬Оберт | Obert
Метафора за љубовната врска меѓу двајца партнери, напојувани од ист извор, но исто така и за моќта на креацијата што ја поседува совеста.
ФОРТИСИМО | FORTISSIMO
🎬Виктор Цеска | Victor Cesca
Ги, пијанист, со голема страст за музиката, гледа како неговиот живот се превртува наопаку кога црквата во која тој служи, ангажира едно мистериозно девојче. Вистински виртуоз на пијано, чудото од дете наскоро ќе му го презеде шоуто. Тогаш започнува дуелот на егата.
ЧОВЕКОТ КОЈ НЕ МОЖЕШЕ ДА МОЛЧИ | THE MAN WHO COULD NOT REMAIN SILENT
🎬Небојша Слијепчевиќ | Nebojša Slijepčević
27 февруари 1993 година, Штрпци, Босна и Херцеговина. Патнички воз на линијата Белград – Бар е запрен од паравоени сили во акција на етничко чистење. Додека ги извлекуваат невините цивили, само еден човек од 500 патници се осмелува да им се спротивстави. Ова е вистинска приказна за човекот кој не можел да молчи.
ШЕПКАЧ | SHAPTACH
🎬Младен Ѓукиќ | Mladen Djukic
Размислување за конфликтот и за неговите потенцијални исходи.