Објавени фотографии од вселената на Twitter

astro_noiciЗа сите оние кои сакаат да знаат како одредени градови, планини или некои од знаменитостите на Земјата изгледаат од вселената, јапонскиот астронаут Соичи Ногучи одлучи да направи профил на Twitter и скоро секојдневно да објавува нови фотографии. Извонредните фотографии од Рим фотографиран од вселената или мостот Голден Гејт во Сан Франциско привлекоа големо внимание, па новите фотографии на Ногучи се очекуваат со големо нетрпение.

За сите оние кои сакаат да знаат како одредени градови, планини или некои од знаменитостите на Земјата изгледаат од вселената, јапонскиот астронаут Соичи Ногучи одлучи да направи профил на Twitter и скоро секојдневно да објавува нови фотографии. Извонредните фотографии од Рим фотографиран од вселената или мостот Голден Гејт во Сан Франциско привлекоа големо внимание, па новите фотографии на Ногучи се очекуваат со големо нетрпение.

article-1249879-0839BFBA000005DC-825_634x365

Јапонскиот инжинер секоја фотографија која ќе ја направи од Меѓународната вселенска станица каде што моментално се наоѓа инстантно ја споделува со своите следбеници на Twitter на Земјата. Г-дин Ногучи е во орбитата 320 километри над нашата планета од декември 2009 и оттогаш досега има околу 68.000 верни следбеници на оваа популарeн веб сервис за микроблогирање. Можете да го погледнете неговиот профил тука.

Прочитајте и:  Curiosity испрати неверојатна панорама од Марс

article-1249879-0839BFD2000005DC-105_634x394

Соичи Ногучи (Astro_Soichi на Twitter) не е првиот, ниту единствениот астронаут што твита од вселената. Првиот пост на Twitter од вселената беше испратен од астронаутот Тимоти Кример на 25 јануари оваа година, откако Меѓународната вселенската станица конечно се поврза онлајн. Оттогаш г-дин Кример е зафатен со одговарање на прашањата испратени од љубопитните корисници на Интернет од целиот свет. Доколку сакате да го следите на Twitter,  ова е неговиот профил.

- Реклама -