Објавени најчестите лозинки – ако користите некоја од овие, веднаш променете ја

Алатката за управување со лозинки, NordPass повторно ја објави својата годишна листа на најпопуларни лозинки во светот – а недостатокот на креативност во овој случај претставува и опасност по безбедноста на вашите податоци.

Втора година по ред, „123456“ е крунисана за најчеста лозинка.

Истите бројки се најдоа на врвот на табелата пет од шест пати кога NordPass ги состави своите списоци, а само еднаш паднаа од врвот од лозинката „password“ во 2022 година. Но, штом ќе ги поминете сите QWERTY, ABC и 123, добиваме мал увид во она за што размислува човештвото при креирањето на линијата на текст што ги штити нивните најлични информации.

Ги има и оние кои избираат „iloveyou“ и оние кои се одлучуваат за „fuckyou“. Други имаат различни интереси, како „pokemon“, „naruto“, „samsung“ или „minecraft“. Многу повеќе користат лични имиња, но барем некои луѓе прават половичен обид да создадат безбедна лозинка како „P@ssw0rd“ (за која, патем, сè уште треба помалку од една секунда за да се пробие) .

За да ја креира својата листа, NordPass вели дека користеле база на податоци од 2,5 TB на „јавно достапни извори“, од кои некои се пронајдени на даркнет. На многу од овие лозинки им требаат милисекунди за да бидат откриени од хакерите, па ако вашата лозинка е на оваа листа, веројатно треба да ја промените на нешто малку покреативно од „password“.

Еве ги 10те најчести лозинки:

  1. 123456
  2. 123456789
  3. 12345678
  4. password
  5. qwerty123
  6. qwerty1
  7. 111111
  8. 12345
  9. secret
  10. 123123

- Реклама -