Оваа година, престижната светска спортска награда „Лауреус“ повторно ќе биде доделена, а списокот на номинирани веќе е објавен.
„Лауреус“ се смета за „најзначајна светска спортска награда“, која ги обединува најголемите спортски ѕвезди, а сите тие се стремат секоја година да бидат дел од списокот на победниците, кој вклучува најдобрите во историјата на спортот.
Шестете номинирани во секоја од седумте традиционални категории беа избрани од глобалниот медиумски панел „Лауреус“, составен од 1.300 членови, додека за наградата за светски спортист со попреченост годината, одлучуваше Меѓународниот параолимписки комитет.
Во категоријата најдобри спортисти во светот се наоѓаат:
Карлос Алкараз (тенис), Усман Дембеле (фудбал), Арманд Дуплантис (атлетика), Марк Маркез (мотоциклизам), Тадеј Погачар (велосипедизам), Јаник Синер (тенис).
Во категоријата најдобри спортистки се номинирани:
Аитана Бонмати (фудбал), Мелиса Џеферсон-Вуден (атлетика), Фејт Кипиегон (атлетика), Кејти Ледеки (пливање), Сидни Меклафлин-Леврон (атлетика), Арина Сабаленка (тенис).
За најдобра спортска екипа се номинирани:
Женската репрезентација на Англија (фудбал), Европскиот Рајдер куп тим (голф), Женската репрезентација на Индија (крикет), Мекларен (Формула 1), Оклахома Сити Тандер (кошарка), Париз Сен Жермен (фудбал).
Спортисти кои што направија голем напредок:
Дезире Дуе (фудбал), Жоао Фонсека (тенис), Шеј Гилџес-Александер (кошарка), Лук Литлер (пикадо), Ландо Норис (Формула 1), Ју Зиди (пливање).
За најдобар кам-бек:
Аманда Анисимова (тенис), Еган Бернал (велосипедизам), Рори МекЕлрој (голф), Џулимар Рохас (атлетика), Леа Вилијамсон (фудбал), Сајмон Јејтс (велосипедизам).
Спортист на годината во категоријата за лица со попреченост:
Габриел Араухо (пара-пливање), Симоне Барлам (пара-пливање), Кетрин Дебрунер (пара-атлетика), Келси ДиКлаудио (пара-хокеј), Дејвид Кратовил (пара-пливање), Киара Родригез (пара-атлетика).
Од екстремните спортови, номинирани се:
Јаго Дора (сурфање), Килијан Џорн (ултра-трчање), Клое Ким (сноуборд), Рејса Лил (скејтборд), Моли Пиклум (сурфање), Том Пидкок (велосипедизам).




