НБА: Објавени петорките за Ол-стар викендот

Објавени се стартните петорки за НБА ОЛ-стар натпреварот кој на програмата е на 17.февруари во Хјустон.

Источната конференција ќе ја предводи тандемот на Бостон Селтикс, Раџан Рондо – Кевин Гарнет, потоа двоецот на Мајами, Двејн Вејд и Леброн Џејмс како и Кармело Ентони од Њујорк Никс.

На Западот, пак, доминира Лос Анѓелес. Честа на Клиперси ќе ја бранат Крис Пол и Блејк Грифин, додека Коби Брајант и Двајт Хауард ќе ги претставуват Лејкерси. На нив во старните пет ќе им се придружи Кевин Гарнет од Оклахома сити.

Вака одлучија навивачите, а интересно е дека поголем број гласови од Блејк Грифин доби Џереми Лин. Сепак, Грифин игра на позиција во рекетот, па врз основа на тоа се најде во стартната постава.

Коби Брајант 15-ти едноподруго пат ќе настапи на Ол-стар викендот, а имаше само 7.800 гласови повеќе од Џејмс. 15-ти пат на Олс-стар ќе биде и Кевин Гарнет, а за 25.000 гласови го победи Крис Бош од Мајами.

Резервните состави, уште по седум играчи, ќе ги одберат тренерите на двете конференции во четврток. Ол-стар викендот на програмата е од 15. до 17.февруари во Хјустон.

- Реклама -