Само еден ден пред Робин Вилијамс да одлучи да си го одземе животот, 63-годишниот актер се појавил на настан во уметничка галерија во Сан Франциско, изгледајќи бледо и исцрпено.
Се чини дека познатиот актер имал многу грижи на ум, а BBC јавува дека не можел да се справи со болеста која неодамна му била дијагностицирана.
Неговата сопруга Сузан Шнајдер открила дека на Робин му бил дијагностициран Паркинсонова болест (невролошко нарушување во движењето) и веќе бил во рана фаза на болеста која се повеќе напредувала.
Сузан по ненадејната смрт на нејзиниот сопруг изјавила дека Вилијамс страдал од депресија, бил трезен но се уште не сакал да ги сподели деталите околу болеста со јавноста“.
„Робин толку многу време посвети на помагање на другите. Без разлика дали се наоѓаше на сцена пред милиони, или на филм и телевизија. Откога не напушти, сите ние кои го сакавме Робин откривме огромна количина внимание и восхит кон милионите чии животи ги допрел. Неговото наследство, освен неговите три деца, е среќата и радоста кои им ја даваше да другите- особено на оние кои имаа најмногу потреба. Влијанието на Робин беше големо бидејќи и јас се борев со депресијата, аксиозноста и Паркинсовата болест за која тој се уште не сакаше да зборува во јавноста. Се надеваме дека другите ќе најдат сила во трагичниот крај на Робин, и дека ќе побараат помош и поддршка која им е потребна за да не се чувствуваат повеќе осамено“, порачала Сузан во официјалната изјава за јавноста.
Исто така, неговиот колега и пријател Мајкл Џ. Фокс напишал на Твитер дека бил стаписан кога дознал за дијагнозата за Паркиноснова болест на Робин.
„Стаписан сум што дознав дека Робин има Паркинсон. Убеден сум дека неговата поддршка за нашата организација претходела на дијагнозата. Вистински пријател; му посакувам мир.“, напишал Мајкл Џ. Фокс.