Mercedes-Benz работи со полна пареа на дотерување на верзијата на спортскиот модел SLK. Возилото во иднина ќе го добие името SLC.
Освен новата номенклатура и се разбира поинакво име интересна информација за обновената верзија на спортската едиција е дека, наместо 8-цилиндерскиот мотор во топ верзијата AMG ќе биде вграден нов V6 турбо агрегат. Во случајов станува збор за 3.0-литарски агрегат кој ќе биде опремен со две турбини. Сличен се става во АMG Sport моделите на Германците, а моќноста му се очекува да биде близу 400 КЅ.