Од 1 јануари следната година стапува на сила иницијативата на Министерството за животна средина и просторно планирање за престанок на еднократната употреба на пластиката, ваквата мерка се однесува и кон сите министерства. Ваквиот предлод,ресорниот министер за животна средина, Насер Нуредини го појасни денеска пред преставниците на општините а каде голем дел од нив не присуствуваа. Со предлогот на министерството е предвидено и најлонските ќесиња да се исфрлат од употреба, а биоразградливите кеси да се продаваат по 10 денари. Нуредини меѓу другото кажа дека не е точно дека Скопје е меѓунајзагадените градови и дека се додека прагот на загаденост не се помине нема да се преземат мерките што се пропишани согласно закон.
„Ова значи дека во следната јавна набавка спроведена од страна на Владата пластичните шишиња ќе бидат заменети со стаклени, нема да се набавуваат пластични чаши, сламки, лажичиња и друг пластичен прибор за еднократна употреба и нема да се набавуваат добра како шеќер во пластична амбалажа, туку рефус“. – вели министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини.
Од невладината организација „ Еко – Скопје“, пред почетокот на денешната јавна дискусија на министерството за животна средина за новиот пакет закони од областа на управување со пластиката кажа дека пластиката не е проблем за загадувањето но и дека власта не презема никакви мерки за намалување на загадувањето.
Мерките кои што ги понуди министерството з аживотна средина според Нуредини се дел и од планот за спречување на создавањето отпад во земјава каде сите треба д априфатат одговрност во борбата против заштитата на животната средина.