Од 22 до 27 август ќе се одржат Струшките вечери на поезијата

Во Струга ќе се одржат 57-мите по ред Струшки вечери на поезијата, кои ќе започнат со садење дрвце во Паркот на поезијата.

Официјалното отворање е вечерта со палење на фестивалскиот оган и традиционалното читање на Константиновата „Т’га за југ“ пред Домот на поезијата. Поотоа следува Меѓународното поетско читање „Поетски меридијани“.

Оваа година престижниот Златен венец ќе му биде врачен на полскиот поет Адам Загајевски, на затворањето на фестивалот.

Програмата на годинашните Струшки вечери на поезијата можете да ја погледнете тука.

Прочитајте и:  На „Европска поезија во вагоните и станиците на софиското метро“ ќе се чита поезија од Маџиров
- Реклама -