Од авторката на „Гордост и предрасуди“

Џејн Остин е еден од најсветлите уметници од крајот на ХVІІІ и почетокот на XIX век. Таа е  една од највлијателните жени во литературната историја.

Изградените од неа ликови остануваат во времето, а зборовите и идеите одекнуваат низ  вековите. Делата на Џејн Остин го избегнуваат карактеристичниот за времето романтизам и со мал хумор и длабока психологија, го  портретираат англиското општество.

За жал за личноста на оваа голема жена се знае релативно малку, главно од спомени на семејството и од опстанокот на нејзините написи.

Денес ви нудиме преку едни од најпознатите цитати на писателката да ѕирнете  во нејзиниот свет:

Мачната дилема стои пред тебе, Елизабет. Од денес натаму ти стануваш странец за еден од своите родители … Мајка ти не сака да те види, ако не се омажиш за мистер Колинс, jac не сакам да те знам, ако се омажиш за него . ”

„Општо вистината е дека секој богат млад човек треба да си земе жена. Сеедно што чувствува таков еден човек, сеедно што замислува кога за прв пат ќе пристигне во некој крај, оваа вистина е  длабоко вгнездена во главите на новите соседи, та секое семејство го перцепира како легална сопственост на една од ќерките. “

the-bennet-girls

„Едната половина на светот не може да ја разбере забавата на другата половина.”

„Човекот кој го губи своето време, секогаш без најмалку гризење на совеста посегнува и на туѓото.”

„Има луѓе кои, колку повеќе правиш за нив, толку помалку тие прават за себе.”

pride-prejudice_2462358b

 

„Среќата во бракот е целосно прашање на случајност.”

„Во девет од десет случаи е подобро една жена да покажува повеќе приврзаност, отколку внатрешна чувствителност. ”

„Пријателството е дефинитивно најдобар мелем против болките од разочарувањето во љубовта.”

„Не брзај. На крајот на краиштата ќе ја откриеш вистинската личност.”

„Сите мои безгрижни претензии не значат ништо за жената која е достојна за вистинска љубов.”

x600

- Реклама -