Од денеска сме Северна Македонија и за Србија

Српската влада го усвои Заклучокот за користење на името Северна Македонија, а донесен врз основа на известувањето за промената на името на државата испратено од македонската влада до сите земји членки на Обединетите нации.

„Со оглед на тоа дека Србија има добри и развиени односи со оваа соседна земја, а и дека промената на името е спроведена на правно валиден начин, Владата на Србија ја констатира промената на името и во идната комуникација ќе го користи називот Република Северна Македонија, или скратениот назив Северна Македонија“, стои во соопштението.

 

Прочитајте и:  Брнабиќ: Опозицијата сака граѓанска војна
- Реклама -