Се работи за игра што се игра било каде. Додуша, не баш било каде, туку поентата е кај што е најнезгодно. Едноставно му соопштуваш на другиот дека „Подот е лава“, а во следните 5 секунди тој мора да се качи на некое „безбедно копно“ за да не „изгори“.
Да, играта е глупа, ама не е толку глупа како за’рѓаната монотонија на примерно однесување (читај: глумење роботи што не знаат да се забавуваат) кога сме околу други луѓе во јавност. Што автоматски ја прави забавна.