Од кој тип сте: Хомер или г. Спок?

Повеќе...

Ако сакате да отпатувате некаде за Новогодишните празници, а сеуште не сте одлучиле, би било најдобро претходно да размислите во која категорија припаѓате. Се надеваме дека студијава ќе ви помогне при изборот. 


homer.jpg

Ако сакате да отпатувате некаде за Новогодишните празници, а сеуште не сте одлучиле, би било најдобро претходно да размислите во која категорија припаѓате. Се надеваме дека студијава ќе ви помогне при изборот. 
Најновата Британска студија на професорот Glenn Lyons од Универзитетот на Западна Англија пренесува дека постојат два типа на патници, едниот е ликот на Хомер Симпсон од легендарната цртана серија „Симпсонови“, а другиот е господинот Спок од серијата „Ѕвездени патеки“.
Во категоријата на Спок спаѓаат особите кои гледаат да ги пронајдат сите достапни информации како би донеле основен и практичен избор на дестинација, додека оние од групата на Хомер имаат многу полежерен пристап кон патувања. Додека едните на патувањата им пристапуваат како вонземјани, научникот Спок го користи интернетот и сите можни брошури како би направил најдобра комбинација на трошоците, времето и на излетот.
За разлика пак од нив овие што се во категоријата на Хомер многу не се трудат за да го направат своето патување што е можно поудобно, па така сè прават во последната минута. 
 
Транспортната индустрија исклучиво е концентрирана на овие два типа патници. Така некои делови од оваа индустрија се задолжени да им обезбедат куп совети и информации за Спок типовите, а има и такви сектори кои се задолжени да им помагаат на Хомеровците за побрзо да им помине времето. 

spok.jpg

„Спок е архетип на логиката. Тој сака да добива што повеќе податоци за да ја направи својата најдобра одлука. Хомеп, пак, од друга страна смета дека патувањето и не е некоја голема работа. Додека сè функционира како што треба тој размислува за други работи.“
Студијата покажала дека при изборот на дестинација влијаат и други фактори вклучувајќи го типот на личноста, навиките, структурата на семејството и друштвениот живот. 
- Реклама -