Од комбе до куќа за четворица

За што може да служи едно комбе? Излегува дека освен за товарење и превоз, може да го бива и за куќа. За четворица. И тоа естетски убава и прилично удобна.

Пример за таква е домот на Џек Риченс и Луси Хеџис, кои создаваат своја куќа за четворица со брачен кревет за нив, и две креветчиња за децата.

Кујната има фрижидер, мал шпорет, мијалник, а кога треба да се јаде, двете предни  седишта можат да се свртат кон масата.

За складирање се користи местото под скалите и задниот дел на комбето.

Џек и Луси патуваат во модифицирани комбиња со години, но отсекогаш сонувале да создадат возило што истовремено ќе биде практично за семејство, ама и естетско. По изготвувањето на идеите (и по малку расправии), парот одлучува да дизајнира такво комбе. На проектот трошат околу четири месеци.

Како што се шират гласините за нивните планови, првичната реакција е прилично негативна, особено од страна на камперската заедницата, кои инсистираат дека комбето е губење време и е бескорисно. Но и покрај тоа, Џек не се откажува и почнува да работи на дизајнот.

И очигледно, го завршува. Слики од комбето почнуваат да кружат на интернет и го привлекуваат вниманието на многумина. Одеднаш Џек е преплавен со пораки, но овојпат со пофалби и поддршка.

Вкупната вредност на проектот е 18.500 долари, 10.000 за комбето и уште 8.500 долари за ентериерот.

- Реклама -