Наградувани фотографии на кои се фатени топли моменти меѓу пријатели, љубовници и семејтвото.
Поглед меѓу партнерите, поглед на дете полн со љубов, прегратка од странец.
Дефиницијата за љубовта покрива широк спектар на чувства и ставови опфаќајќи емоции и привлечност. Тоа се користи да се опише чин на љубезност или сочувство, пријателство и желба.
Овие 10 фотографии, победничките записи во eHarmony Love Captured натпреварот, даваат увид во љубовта во сите нејзини дефиниции.
Натпреварот беше лансиран за да се прослави пет-годишнината на сајтот, и понуди награда од 5,000 фунти за сликата која најдобро ја концизира љубовта.
Записите биле оценувани од страна на панел од четворица, вклучувајќи експерти за врски и реномирани фотографи.
Ние изодевме долг пат заедно
Тие ја избраа сликата „Ние изодевме долг пат заедно“ од Ли Џефрис за победничка фотографија.
Тој рече: „Како фотограф… едноставно знаеш кога си сликал нешто посебно. Инспириран сум од луѓето. Со мојот фотоапарат истражувам во емоцијата најдена на улиците. Среќа, тага, осаменост, љубов- тоа е се таму. Трикот е во обидот да се фати тоа. До сега, бев многу среќен. Тоа е човечна фотографија. Го отсликува природната човечка емоција.“
Невиност
Веридба на Кембриџ
Љубовни врвки
Братска љубов
Бакни ме
Љубов на радио
Сè што ви треба е љубов
Мојата луда љубов
Љубов на дождлив мост