Од сабота Русија го прекинува снабдувањето со електрична енергија за Финска

Москва, 13 мај 2022 (МИА) – Русија ќе го прекине снабдувањето со електрична енергија за Финска овој викенд, соопшти денсека добавувачот во момент кога се зголемуваат тензиите околу кандидатурата на Хелсинки за НАТО поради воената кампања на Москва во Украина.

„Принудени сме да го прекинеме увозот на електрична енергија почнувајќи од 14 мај“, соопшти РАО Нордик, подружница на рускиот државен енергетски холдинг Интер РАО.

„РАО Нордик не е во можност да плаќа за увезената струја од Русија“, посочува компанијата.

Прочитајте и:  Кремљ одби да ги коментира обвиненијата за напад со „Кинжал“
- Реклама -