Деновиве на Интернет се зборува многу за PhotoSketch, револуционерна технологија развиена од тим на кинески студенти со помош на која може да е нацрта скица и истата да се претвори во фотографија.
Деновиве на Интернет се зборува многу за PhotoSketch, револуционерна технологија развиена од тим на кинески студенти со помош на која може да е нацрта скица и истата да се претвори во фотографија.
Принципот врз кој функционира PhotoSketch е едноставен колку што е револуционерен: се црта едноставен цртеж, истиот се именува и оваа постапка се повторува за секој друг објект кој треба да биде вклучен во сликата вклучително и позадината. После тоа PhotoSketch бара слики на Интернет кои се вклопуваат со описот кој е даден и на крај се добива фотомонтажата. Можностите изгледаат бесконечни.
Поради преголемото медиумско внимание кое го доби PhotoSketch, официјалната веб страница сега-засега не е достапна.