Во рамки на предметот Урбан дизајн 1 студентките Амина Кадриќ и Јулинда Гега од „Американ колеџ“ ги уловија медиумите со нивниот видео проект.
Кадриќ и Гега работеле на истражување и анализа на историската оска Север-Југ во градот Скопје. На проектот се работело околу 3 месеци, а резултатот е едно видео во кое се гледа амбиентот во секој дел од оската Север-Југ, како и навиките и рутините на жителите во истата.