Компанијата „Пепко“ го повлекува од пазарот детскиот светлечки тротинет со три тркала, објавено е на веб-страницата на компанијата, јави дописникот на МИА од Белград.
Како што се наведува на веб-страницата на Пепко, како резултат на извршените тестови, откриено е дека тротинетот PLU 349550 не го исполнува стандардот EN 71-1 за механички и физички својства.
-Ве молиме вратете го купениот производ во најблиската продавница на Пепко. Трошоците на купувањето ќе ви бидат вратени. Сметката не е потребна, се наведува во соопштението.
Во мај годинава Пепко ја повлече играчката „грнчарско тркало“ поради хемиски ризик, а во април беше повлечена играчка на далечински управувач „пчеличка“ поради опасност од пожар.