Од стари „фиќовци“ до 2Д уметност

Ви се случило да најдете цвет и да го пресувате  за трајно да го зачувате?

Израелскиот артист и дизајнер, Рон Арад, го прави истото, со единствена разлика што користи Фиат 500 автомобили . 6 од неговите смачкани примероци беа инсталирани во „Холон дизајн“ музејот во Тел Авив, како дел од изложбата „In reverse“, или ако милувате „Во рикверц“. Изложбата е по повод 30-годишното работење на Арад со метали, пред се скулптури и мебел. Дводимензионалните „фиќовци“ се прикачени на ѕидовите како да се слики.
Целта на Арад, во никој случај, не е да ги потценува ниту пак да ги уништува автомобилите, туку напротив, да ги направи вечни. Тие се национален симбол на Италија и се асоцијација на бројни спомени од „први искуства“ – вели тој.
И во право е. Има нешто посебно во „фиќовците“ и тешко дека љубовта целосно ќе згасне. Особено откако ќе погледнете колку убаво изгледаат во 2Д варијанта.

Прочитајте и:  Музеј или џамија? Остри реакции по отворањето на првиот Музеј на христијанското и исламското културно наследство

pressed_flowers_01 pressed_flowers_08 pressed_flowers_13 pressed_flowers_20

- Реклама -