Од утре повторно пораст на температурите

Изминатите неколку дена конечно успеавме да одмориме од високите температури, но тие се враќаат и до крајот на неделата ќе биде топло.

До петок времето ќе биде стабилно, со можност за дожд во западните делови.

Денеска ќе се намали облачноста. Услови за дожд има во источниот дел од земјава, а ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Во Скопје попладне ќе биде сончево со умерена облачност. Во текот на денот ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.

- Реклама -