Дебра Берние (Debra Bernier) е уметник од Викторија, Канада, која прави страшно добри скулптури од сé што ќе најде на морскиот брег – најчесто од корени на дрва, глина, черупки од школки и слично.
Усовршувајќи ја формата што веќе ја извајала природата, збогатувајќи ја со финеси, таа создава скулптури кои ги посветува на нераскинливата врска на луѓето и океанот и луѓето, како и на корените што ги влечеме од него.