„Одгледајте“ си патики

Биоинженерот Рејмонд Онг неодамна го претстави својот необичен изум. Имено, иако звучи незамисливо и помалку бизарно, Онг нуди можност сите самостојно да си одгледувате материјали за патики.

Со трансформирање на генетскиот код од земените примероци од морските ражи, неговата компанија произведува адаптиран материјал од кој може самостојно да си создадете уникатни патики.

На неговиот веб-сајт, корисниците дури може да пробаат самостојно да го „одгледаат“ материјалот што би го користеле за да ги направат патиките. За да добиете патики направени за ваш мерак, ќе треба да си го олесните џебот за 14 до 16.000 долари. Добрата страна е што на веб-сајтот може да учествувате во натпреварот за најдобар дизајн и со малку среќа, да освоите пар „морски“ патики.

{youtube}vX_X5-6PWlI{/youtube}

- Реклама -