Оџачар со четири листа

Ако мислевте дека сме суеверни само ние на Балканот, ќе се изненадите во што сè веруваат Германците.

Според податоците на истражувањето на социолошкиот институт во Аленсбах, во суеверија веруваат повеќе од една четвртина од населението на Германија.

Решивме да ѕирнеме во културата на овој народ и да дознаеме што им најавува успех и од што се плашат.

Да допрат оџачар

Најпопуларното суеверие во Германија е поврзано со оџачарите – луѓе кои предизвикуваат страв и почит. Луѓето веруваат дека секоја постоечка нечистотија се крие токму во оџакот и затоа тие се потребни не само да ја исчистат, туку и за да ги изгонат злите духови. Тие веруваат дека оџачарите склучуваат договор со злите духови и поради тоа ги доживуваат како свои. Наводно, ако допрете оџачар во Германија ќе ве следи среќа.

1(1469)

Бројот 13

Бројот 13 уште во Стариот Рим се сметал за бројка на смртта и уништувањето. Од историска гледна точка се верува дека бројот е  проколнат, од настаните од 1307 година, кога на петок 13-и, по наредба на римскиот папа, биле сурово убиени многу членови на Орденот на темпларите. Суеверните Германци толку се плашат од овој датум што речиси  никогаш не преземаат нов потфат на овој ден од месецот. Има и такви кои се подготвени да го прослават роденденот порано или подоцна, бидејќи се плашат од бројот. Спротивно на тоа, среќен број за Германците отсекогаш била седмицата. Ако на бројот на вашиот дом, стан, автомобил е присутен бројот 7, тогаш вие сте среќен човек. Како најповолен ден од неделата во Германија се смета среда.

Прочитајте и:  Германија прави попис на бункери и засолништа во случај на руски напад, ги охрабрува и граѓаните да си направат и свои

2(1509)

Ѕвезди што паѓаат

Уште едно суеверие во Германија. Овој пат поврзано со падот на ѕвезди. Се смета дека ако посакате желба, додека ѕвездата паѓа, истата задолжително ќе се исполни. При паѓање на неколку ѕвезди истовремено, тие веруваат дека ќе ги следи несреќа.

4(1313)

Следат мачки

Во Германија црната мачка поседува магична сила. Германците веруваат дека проблеми во животот носи само мачка која го прекекува патот од десно кон лево. Ако мачката го преминала патот од лево кон десно, очекувајте пријатен развој на настаните, советуваат Германците.

5(1155)

Тропкање по паричник

На првиот ден од новата година, ако слушнат петел, веднаш силно допираат по паричникот или џебот. Не е важно дали во него има само едно евро. Според верувањата, ако го направите тоа ќе имате пари во текот на целата година. Со оглед на тоа што Германците се најбогата нација во Европа, ако сте суеверни не заборавајте на 1.1 да посегнете по вашиот паричник:)

6(989)

- Реклама -