Одложена премиерата на iPhone 6

Веќе неколку пати напишавме дека оваа година Apple ќе претстави две нови варијанти iPhone 6 – 4.7 – и 5.5 -инчен верзија . И ако при првата опција сè изгледа во ред , премиерата на големиот iPhone ( внатрешно име iPhone Air ) сигурно ќе биде одложена за 2015 година. Ова го пишува тајванското издание Commercial Times , повикувајќи се на сопствени извори.

Според нив , Apple сеуште го нема решено проблемот со батеријата на големиот iPhone 6. Или поточно уште нема решено како да ја намали стандардната дебелина на батеријата е 2.8-2.9 мм , на параметар до 2 мм. Тоа е проблем кој сигурно нема да биде решен до 2015 година, па затоа логично е да тврдиме дека 4.7 -инчниот iPhone 6 сигурно ќе го видиме догодина.

Ве потсетуваме дека порано познатиот аналитичар од KGI Securities Минг – Ши Куо рече дека оваа година Apple ќе започне две верзии на iPhone 6 – со дијагонала 5,5 и 4,7- инчи и резолуции од 1920х1080 и 1334х750 пиксели. И двата модела ќе бидат метални и ќе користат A8 процесор , 1 GB RAM меморија и 8 – мегапикселна камера со систем за оптички стабилизатор на сликата .

Според аналитичарот , дебелината на овие паметни телефони ќе опадне до 6.5-7 мм , а сафирно стакло ќе добие само 5,5 -инчниот модел со 64 GB меморија .

Текстот е објавен во соработка со Socialnet.mk

- Реклама -