Одлука на Владата: Антикорупциска ќe има увид на имотот во странство на сите јавни функционери и cyдии

На предлог на Министерството за правда, на денешната 172 владина седница беше прифатена информацијата според која Северна Македонија ќе го потпише Меѓународниот Договор за размена на податоци за проверка на изјави за имотна состојба.

Со ратификацијата на овој договор, Државната комисија за спречување корупција и конфликт на интереси ќе се стекне со право да бара информации за имотната состојба на сите јавни функционери, вклучувајќи ги оние од правосудството, кои имаат или стекнуваат имоти и финансиски средства во странски земји, соопштуваат од Владата.

- Реклама -