Одлуката за зголемување на инвестициите во одбраната ќе донесе нова, современа и напредна опрема за Армијата, како и професионални и обучени војници.

На денешната сесија на Самитот на НАТО во Хаг, донесовме одлука за значително зголемување на инвестициите во одбраната, што ќе подразбира нова, модерна и напредна опрема за нашата Армија, како и обучени и професионални војници. Македонија е целосно посветена на овој процес. Постепено ќе се зголемуваат средствата, а од клучно значење за нас е нашиот одбранбен буџет да го исполнува целите на НАТО за способности, изјави министерот за одбрана, Владо Мисајловски.

Мисајловски, заедно со претседателката Сиљановска-Давкова, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Муцунски, како и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Лафчиски, учествуваше на Самитот во Хаг, Холандија.

– НАТО е најмоќната алијанса во историјата, а зголемените инвестиции ќе овозможат да остане таква и во иднина, напиша Мисајловски.

Прочитајте и:  Фолклорен фестивал со меѓународен карактер во Куманово