Одмор: И месец да е, малку е

Едно неодамнешно британско истражување откри дека дури на една-четвртина од луѓето им се потребни два до три дена за да се привикнат на новото опкружување. Секој 10-ти се прилагодува на новиот ритам дури после три до четири дена.

Земајќи го во предвид фактот што обично одморот трае од 7-10 дена, истражувачите заклучуваат дека од таквите патувања и немаме така огромна полза.

Анкетата е спроведена врз 2.000 луѓе, од кои, во просек, 23 проценти се враќаат од одмор со уште повеќе стрес отколку пред одморот.

Дури и самото одење на одмор за многумина е стрес. Ова „многумина“ значи „скоро сите“ кога се работи за женскиот пол – дури 91% се под стрес поврзан со одморот, додека кај мажите процентот е значително помал – 23 проценти од испитаниците.

Е па, да се надеваме дека овие сознанија ќе стигнат до вистинските уши и дека нешто ќе се промени, во спротивно, не ни требаат научниците за да ни кажат дека и еден месец одмор ќе ни биде малку.

- Реклама -