Одредени барови во Италија нудат сламки од тестенини со пијалоците

Некои италијански барови одлучија целосно да ги отстранат пластичните и хартиени сламки од употреба и да ги заменат со сламки од тестенини.

Компанија наречена Stroodles продава сламки од тестенини, кои се направени од брашно и вода и се 100% вегански и биоразградливи. Сепак, сламките од тестенини не се погодни за лица со нетолеранција на глутен.

Според компанијата, сламките имаат рок на траење од еден час, немаат вкус и по употребата можат да се користат како ѓубриво.

Овие сламки можете да ги користите без грижа на совест. Бидејќи тие се храна,  се распаѓаат преку ноќ без проблем, за разлика од хартиените сламки на кои им се потребни од 30 до 60 дена за да се распаднат. Како и кај сите сламки, така и за овие не е препорачливо да се консумираат со топли пијалоци. Сламките се наменети само за ладни пијалоци.

- Реклама -