Ако имате мачка, подобро да внимавате што правите во нејзина близина. Одредени звуци што се дел од нашето секојдневие буквално можат да го излудат вашето милениче.
Гужвањето и кинењето на алуминиумска фолија, удирањето со метална лажица по керамички садови (додека мешате), , одѕвонување на стаклената чаша при судирот со метално лажиче или друго стакло, дигиталните аларми, ковањето шајки со чекан, звукот на „клокот“ со јазикот, па дури и плескањето по чело можат да бидат погубни за менталното здравје на вашата мачка. Овие активности произведуваат звуци со висока фреквенција, многу слични на оние на кои мачката внимава додека лови глувци.
Научниците го нарекуваат „Том и Џери синдром“, а за журналот Journal of Feline Medicine and Surgery напишаа дека проблемот е особено сериозен и ги погодува старите мачки.
Не е ништо безнадежно. Ваквите случаи можат успешно да бидат третирани со медикаменти против епилепсија, кои според досегашното искуство се чини дека делуваат.